Инфективна клиника

Akreditacija
Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби е врвна медицинска установа која обезбедува високо стручна и квалитетна здравствена заштита и третман на пациенти според воспоставени стандарди и доктринарни ставови. Големиот број на пациенти, достапните дијагностички и тераписки можности се одраз на успехот и квалитетот на здравствените услуги што ги дава Клиниката, но и предизвик за континуирано понатамошно унапредување. Следењето и применувањето на сите нови методи и процедури во медицината, континуираната стручна едукација на вработените, како и следење и набавка на нова, технолошки најсовремена медицинска апаратура и опрема претставува императив за одржување на постоечкиот, изграден рејтинг на установата.

АМБУЛАНТИ

Placeholder image

Амбулантскиот дел се состои од приемен дел, чекална, две консултативно-специјалитички амбуланти и шест субспецијалистички амбуланти, а опфаќа и кабинетска работа. Преку работата на овие единици се овозможува квалитетна и брза дијагностика и адекватен третман на секојдневно голем број пациенти со што се обезбедува високо квалитетна здравствена услуга.

СТАЦИОНАР

Placeholder image

Болничкиот дел на Клиниката располага со 65 болнички соби, со капацитет од 129 болнички кревети. Сите соби имаат природна светлина и се опремени со посебен тоалет и туш кабина.

Стационарниот дел на Клиниката е сместен на четири ката, поделен според патологија на оддели. Секој оддел е поделен на два отсека. Со одделите раководат шефовите на оддели, при што на секој оддел има по два лекари на отсек.

НАУЧНО-НАСТАВНО ДЕЈНОСТ

Placeholder image

Универзитетската клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби е единствена академска установа во Р.С. Македонија, која спроведува едукација по предметот Инфектологија за студентите по медицина и стоматологија. Катедрата ја раководи, планира и ја спроведува наставната програма по предметот Инфектологија за студенти и специјализанти. Катедрата овозможува и континуирано следење на најновите научни достигнувања преку организирање на стручни предавања, секциски состаноци и семинари, тренинг курсеви, конгреси, публикување стручни трудови, организирање посети од експерти како и учество на меѓународни средби.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Дизајн: ТРЕНЧ доо Скопје

mfa