Почитувани
колеги,
имам чест да
Ве поздравам и да го најавам
IV-от Конгрес на инфектолозите на Македонија,
кој ќе се одржи во Охрид, од 3 до 6 мај, 2012,
и да Ве поканам да земете учество во неговата работа.
Инфекциите се
дел од проблематиката на поголемиот број медицински дисциплини заради
што очекувам присуство на колеги од различни специјалности.
Се надеваме
дека изборот на темите во научната програма ќе даде одговори на
повеќе интересни прашања и проблеми за поимањето и справувањето
со инфективните заболувања со кои речиси секојдневно се сретнуваме.
Истотака, актуелноста
на анти-инфективната терапија, антимикробната резистенција, болничките
инфекции, дискусијата за старите, но и појавата на нови инфективни
болести ќе Ве поттикне за активно учество на Конгресот каде ќе ги
размениме нашите искуства и сознанија од областите на инфектологијата.
Претседател
на Организацискиот одбор
Проф. д-р Звонко Миленковиќ
Повеќе... |