ЈЗУ "Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби" Скопје
Адреса
Водњанска 17,
1000 Скопје, Р. Македонија
тел. +389 (0)2 3228 224;
факс. +389 (0)2 3228 224
e-mail:  info@infektivnaklinika.mk
   

ЗА НАС

СТРУЧЕН КАДАР

НАУЧНО-НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ
I.
  ПОЛИКЛИНИКА
II. СТАЦИОНАР

Вработени лекари

Политика на квалитет

НАУЧНО-НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

Клиниката за Инфективни болести е единствена академска установа во Р. Македонија, која спроведува едукација по предметот Инфектологија за студентите по медицина и стоматологија. 

Првите предавања по заразни болести се одржани во 1950 година од страна на проф. д-р А. Игњатовски, од Клиниката за интерни заболувања. Во периодот 1952-1954 г наставата по инфективни болести ја води хонорарниот наставник доц. д-р М. Николиќ, по кога следат доц. д-р Х. Манчев (1955/56), доц.д-р Д. Арсов (1957 г).

Во 1960 година од Медицинскиот факултет за шеф на Катедра по Инфектологија е назначен проф. д-р Саво Миронски, по кога следи проф. д-р Илија Трајков во периодот од 1986 до 1987 година.

Од 1987 година шеф на Катедрата е проф.д-р Климент Каровски сî до 2002 година, кога функцијата ја превзема проф. д-р Љубомир Ивановски кој е и актуелен шеф на Катедрата по Инфектологија.

Катедрата ја раководи, планира и ја спроведува наставната програма по предметот Инфектологија за студенти и специјализанти. Катедрата овозможува и континуирано следење на најновите научни достигнувања преку организирање на стручни предавања, секциски состаноци и семинари, тренинг курсеви, конгреси, публикување стручни трудови, организирање посети од експерти како и учество на меѓународни средби.

Конгресите, стручните предавања, секциските состаноци и семинари, тренинг курсевите како и останатите активности на Катедрата се акредитирани од страна на Лекарската комора на Македонија во системот на КМЕ (континуирана медицинска едукација).

Благодарение на активноста на членовите на Катедрата, веќе е во примена работењето согласно ЕБМ (медицина базирана на докази), чекор поблиску до современите стандарди и достигнувања на западната медицина.

Преку континуирано спроведување на клинички и епидемиолошки студии, Клиниката се издигнува како врвна научна институција која дава голем придонес во развојот на научната дејност во Македонија и воопшто.

Наставниот кадар на катедрата по инфектологија се состои од:

- 2 редовни професори
- 2 вонредни професори
- 2 доценти
- 2 асистенти
- 4 помлади асистенти

 Научни звања

- 8  доктори на медицински науки
- 5 магистри на медицински науки
- 1 магистар на биолошки науки

Техничко-административен дел

- капацитети за едукација
- амфитеатар
- библиотека
- компјутерски центар

Во 1962 година формирана е Секцијата на инфектолозите при МЛД со седиште на Клиниката, која во 1993 година, прерасна во Здружение на инфектолозите на Македонија ЗИМ. Денеска Здружението брои 106 членови.

Досегашни претседатели наЗдружението на инфектолозите на Македонија биле:

- проф д-р Звонко Миленковиќ, 1994-1999 год.
-
проф д-р Љубомир Ивановски 1999-2004 год.
-
проф.д-р Виолета Груневска 2004 год. ~

Научни трудови
во PDF

Инфективни болести

Бактериски инфекции на уринарен тракт

ХИВ третман

Инфекција и хемодијализа

Невролошки манифестации при ХИВ инфекција

Q-треска

САРС

Терапија на ВХ

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
тренч