ЈЗУ "Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби" Скопје
Адреса
Водњанска 17,
1000 Скопје, Р. Македонија
тел. +389 (0)2 3228 224;
факс. +389 (0)2 3228 224
e-mail:  info@infektivnaklinika.mk
   

ЗА НАС

СТРУЧЕН КАДАР

НАУЧНО-НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ
I.
  ПОЛИКЛИНИКА
II. СТАЦИОНАР

Вработени лекари

Политика на квалитет

II. СТАЦИОНАР

Болничкиот дел  на Клиниката располага со 65 болнички соби, со капацитет од 129 болнички кревети. Сите соби имаат природна светлина и се опремени со посебен тоалет и туш кабина.

Во фаза на изградба се наоѓа комплетно нов оддел за имунокомпромитирани пациенти.

Стационарниот дел на Клиниката е сместен на четири ката, поделен според патологија на оддели. Секој оддел е поделен на два отсека. Со одделите раководат шефовите на оддели, при што на секој оддел има по два лекари на отсек. 

 

Оддели

Шеф на оддел

1.

Одделение консултативна специјалистичка и субспецијалистичка амбуланта

Прим. д-р Магдалена Гашева

2.

Одделение за дијагностика и терапија на ХИВ/СИДА и останати стекнати имунодефициентни состојби

Проф. д-р Виолета Груневска

3.

Одделение за ургентна инфектологија интензивна нега

Проф. д-р Звонко Миленковиќ

4.

Одделение за невроинфекции со бистар ликвор

Прим. д-р Соња Михова

5.

Одделение за невроинфекции

Проф. д-р Климент Каровски

6.

Одделение за инфективни болести

на црниот дроб

Проф. д-р Љубомир Ивановски

7.

Одделение за инфективни болести

на црниот дроб кај деца

Прим. д-р Цветанка Евтимовска

8.

Одделение за цревни инфекции

Доц. д-р Снежана Стојковска

9.

Одделение за цревни инфекции и зооантропонози

Прим. д-р Лилјана Кртева

10.

Одделение за респираторни и други акутни инфективни заболувања

Доц. д-р Ирена Кондова

11.

Одделение за исипни и респираторни заболувања

Прим. д-р Љубица Илиева

12.

Одделение за лабораториска и етиолошка дијагностика

Стр. Сор. Д-р Весна Семенакова-Цветковска

Одделението за лабораториска и етиолошка дијагностика се состои од:

1. лабораторија за биохемиска дијагностика

  • кабинет за ликворна дијагностика (цитобиохемиска и етиолошка), брзи дијагностички тестови
  • ензимски статус и проетински статус
  • кабинет за цитохематолошка дијагностика и уринарен статус
  • кабинет за АБС статус со електролити, распадни продукти и коагулациски статус

2. лабораторија за микробиолошка лабораториска дијагностика

3. лабораторија за имунолошка лабораториска дијагностика

4. лабораторија за молекуларна дијагностика

Имунолошката лабораторија при Клиникатарасполага со најсовремените апарати:

- Abbott AxSym  системот е комплетно автоматизиран имунолошки анализатор, кој користи специфична МЕИА технологија (микропартикулар ензим имуно есеи) специјално дизајнирана техника  во  2 чекора со која се избегнува можната интеракција и интерференција.

Системот овозможува широка палета на квантотативна и квалитативна детекција на голем број на причинители на инфективни болести за краток временски период.

Со опцијата за СТАТ (итни) анализи можна е изработка на анализа во рок покус од 15 до 20 мин без оглед во која фаза на процес е апаратот.

- DADE Behring BEP 2000 отворен имунолошки анализатор кој користи ЕЛИСА техника. Целиот процес на дилуција, дистрибуција, инкубација на примерокот  и реагенсите, како и отчитување и калкулација е комплетно автоматизиран.

Behring имунолошките тестови се со докажан квалитет и по препорака на СЗО за детекција  на HIV,HBV,HAV,EBV.CMV и др.

Исто така во можност сме да користиме и ELFIA техника во серолошката дијагностика која ја користи BioMerieux - Mini Vidas анализатор. Една од ексклузивностите на овој апарат се највисоката генерација на тестот за HIV 1 /2 и P 24 конфирматорниот тест.

Во отсекот за имунологија се работат и конфирматорните техники - имуноблот.

-Western Blot HIV1/2 за детекција на антитела за HIV 1 / 2 во серум.За оваа метода како  и за највисокогенерациските ЕЛИСА методи за антиген и антитело  детекција на HIV вирусот,лабораторијата при Клиниката  е  референтна лабораторија за Р.Македонија.

Биохемиската лабораторија при Клиниката за инфективни болести располага со два современи автоматски биохемиски анализатори кои работат на принцип на стандардизирани кинетички методи според  IFCC и тоа :

 - VITROS EKTACHEM 250 - претставува современ биохемиски анализатор кој работи врз принцип на сува хемија, погоден за рутински и итни анализи со кои се задоволуваат индивидуалните барања на современите клинички лаборатории. Техничките перформанси на апаратот овозможуваат голема прецизност, брзина и точност на изработените.анализи, при што се користи минимално количество на материјал за анализа (серум, плазма, урина и цереброспинална течност). На овој апарат се одредуваат голем број на биохемиски параметри во серија, со помош на колориметриски, потенциометриски и имунохемиски анализи.

  -COBAS EMIRA претставува целосно селективен повеќеканален биохемиски анализатор кој работи врз принцип  на фотометрирање на водени раствори и турбидиметриска анализа, при што овозможува со минимално количество на примерокот да се анализираат повеќе биохемиски и имунолошки параметри истовремено, како што налага и современата лабораториска дијагностика.

 Апаратите со кои што располага нашата биохемиска лабораторија  исто така ни овозможуваат и формирање на богата база на податоци за подолг временски период  (годишен), која е од особено значење за современите лабораториско - дијагностички цели.  

Со цел одржување на висок квалитет на услугите и егзактна и брза дијагностика, Клиниката се труди да држи чекор со најсовремените достигнувања на полето на медицинска апаратура и технологија.

Најнов допринос на тоа поле претставува набавката на:

- COBAS AmpliPrep/COBAS TaqMan 48 Sistem Roche - Комплетно автоматизиран систем за екстракција, изолација и прочистување на генетски материјал од патогени во примероци  од крв, серум, плазма, урина, ликвор, фецес. Апаратот за автоматска амплификација и детекција  на ДНК и РНК -Real Time PCR TaqMan48 е  единствен апарат кој овозможува едновремено работење на 2 различни теста со сензитивност 40копии/мл и специфичност 100%.

- Бројач за ЦД4 клетки - BD FACSCount- комплетен систем за автоматско броење на ЦД4+, ЦД8+, ЦД3+ Т лимфоцити по принципна  Flow цитометрија. Опсег на резултатите: CD4+: 50 - 2000 cell/µl; CD8+:100 - 2000 cell/ µl; CD3+: 100 - 3500 cell/ µl

- микроскоп со имунофлуоресценција

Научни трудови
во PDF

Инфективни болести

Бактериски инфекции на уринарен тракт

ХИВ третман

Инфекција и хемодијализа

Невролошки манифестации при ХИВ инфекција

Q-треска

САРС

Терапија на ВХ

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
тренч