ЈЗУ "Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби" Скопје
Адреса
Водњанска 17,
1000 Скопје, Р. Македонија
тел. +389 (0)2 3228 224;
факс. +389 (0)2 3228 224
e-mail:  info@infektivnaklinika.mk
   

ЗА НАС

СТРУЧЕН КАДАР

НАУЧНО-НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ
I.
  ПОЛИКЛИНИКА
II. СТАЦИОНАР

Вработени лекари

Политика на квалитет

СТРУЧЕН КАДАР

Со добивањето на статус на Клиника, за прв управител во 1954 година е поставен д-р Ристо Брезјанин, по кого следи проф. д-р Димитар Арсов. Во 1960 година функцијата управител ја превзема проф.д-р Саве Миронски, кој во 1968 година е назначен за прв директор на Клиниката. По него функцијата ја превзема прим. д-р Асен Шајн, а во 1982 година за директор е назначена проф. д-р Бојана Груневска. Во 1987 година функцијата директор ја носи проф. д-р Димитар Димитриев се до 1999 година, кога во периодот од 1999 до 2002 е назначен д-р спец. Вело Марковски. Од декември 2003 година до 2005 година на чело на Клиниката е повторно проф. д-р Димитар Димитриев. Во март 2005 година за директор е назначена доц. д-р Виолета Груневска до октомври 2005 година. Од ноември 2005 година и актуелен директор на Клиниката е проф.д-р Звонко Миленковиќ.

Покрај спомнатите управители и директори, во аналите на Клиниката остануваат впишани имињата на лекарите кои работеле и оставиле свој печат:

д-р Н. Треневски,
д-р Н. Неделковска,
д-р И. Трајков,
д-р М. Михов, 
д-р О. Стојанова, 
д-р Л. Кировски, 
д-р Т. Орушев, 
д-р Р.Субановиќ, 
д-р М. Георгиева, 
д-р Е. Ѓуркова, 
д-р В. Василев, 
д-р Е. Ангелова, 
д-р Ј. Ангеловска.

Денеска, за спроведување на високо квалитетна здравствена дејност при Клиниката вработени се лица со соодветни стручни профили и тоа:

- 28 лекари специјалисти

- 6 лекари на специјализација

- 1 лекар од општа пракса

- 2 дипломирани биолог-биохемичар

- 1 дипломиран биолог-биохемичар, специјалист по микробиологија

- 1 хемичар

- 10 виши медицински сестри

- 49 медицински сестри

- 13 лаборанти

- останат технички персонал

 

Научни трудови
во PDF

Инфективни болести

Бактериски инфекции на уринарен тракт

ХИВ третман

Инфекција и хемодијализа

Невролошки манифестации при ХИВ инфекција

Q-треска

САРС

Терапија на ВХ

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
тренч